Кошаркарската репрезентацијата на Македонија ја забележа првата победа на предолимпискиот турнир во Америка. “Црвено жолтите“ им се реваншираа на “студентите“ за првиот пораз победувајќи 97-87.

Најефикасен во македонскиот состав беше Гечески со 22 поени, по него следуваа Дамјан Стојаноски со 15 и Самарџиски со 14. Војдан Стојаноски, Перо Антиќ и Ѓорги Чековски постигна по десет поени.

Репрезентативците на Македонија подготовките ги продолжуиваа во Порто Рико каде ќе одиграат уште два контролни мечеви и заминуваат за обезбедување на Олимписка виза во Каракас.

Мх.П.