Футсал тимот Охрид 1921 со победа ги заврши натпреварите во Првата Македонска фудбалска футсал лига. Охриѓани на домашен терен во спортската сала Билјани Извори го совлаадаа гостиварскиот Песпазули со 7-2 (3-2).

Со натпреварите од 14 коло заврши првиот дел од шампионатот.  Охриѓани во дебитнатската сезона не успеаа да се пласираат меѓу најдобрите три во групата кои ќе играат во плеј оф сегментот.


Првенството продолжува со натпреварите во плеј-оф и плеј-аут лигите.

М.Постоловски