Кошаркарите на ГКК Охрид одиграа одличен натпревар на домашен терен и го совладаа тимот на КК Баскет Кам со резултат 78:56 во рамки на 7- то коло од Втора Кошаркарска лига на Македонија.

Домаќините го контролираа резултатот во текот на целиот натпреварот со што во трета четвртина имаа и максимална предност од 28 поени.

На овој натпревар добија шанса и младите Мешкоски и Митрески кој ги постигна и своите први поени во сениорската лига.

 

OhridNews