Натпреварот против Ј. Кореа во 12.30 ч. ќе биде последниот за Македонија на овај Мундијал.

По трите порази во серија во главната рунда Македонија против Кореа ќе се бори за 11 место на СП во Хрватска.

– Ако некој пред Светското ми го понудеше 11. место ќе го прифатев. Уморни сме и истрошени, ракометарите имаат мотив, а колку ќе бидат способни за тоа, бидејќи имаме и повреди ќе видиме – рече пред дуелот со Јужна Кореја, селекторот Илија Темелковски.

– Не сум задоволен од 11. место, затоа што испуштивме шанса, можевме да играме и во полуфиналето. Но, ова е голема школа и искуство за нас и цената ја плативме – истакна голманот Борко Ристовски.

– Не ми е толку битно да го урнам рекордот на Кореецот Јон, колку што ми е поважна победа против противникот. Ќе се обидеме сите да го сториме тоа – вели капитенот Кире Лазаров.



М.П.