Македонската ракометна репрезентација со победа (30-29) над Норвешка ги заврши квалификациите за ЕП 2010 г.во Австрија.  Нашите најдобри ракометари со фуриозен финиш го совлада вицепрвакот на последното европско првенстовото.

Лазаров со 9 гола ја предводеше македонската селекција до победата во натпреварот кој значеше збогум за “крилата“  Алушески и Јовиќ .

Македонија не успеа да избори втор последователен пласман на завршницата на едно големо натпреварување. Од нашата група во Австрија патуваа Исланд и Норвешка.

М.П.