Македонската одбојкарска репрезентација со победа ги заврши натпреварите на квалификацискиот турнир во Холандија за пласман на ЕП наредната година.


Избраниците на Светислав Пеица со максимални 3-0 (25-21, 25-21,25-19) ја совладаа репрезентацијата на Шведска.


Со вкупни три
победи од двата квалификациски турнири во Скопје и Ротердам избраниците
на Светислав Пеица го освоија третото место во групата Ф што не беше
доволно за пласман на континеталниот шампионат во Австрија и Чешка.


Ohridnews