Фудбалерите на Победа прокнижија нови три бодови на второлигашката табела откако во Охрид со 3-0 го совладаа тимот на Љубанци во осмата рунда од првенството.
До вториот триумф сезонава прилепските фудбалери стигнаа со трите постигнати голови во вториот дел од мечот на „Атина Бојаџи“.
Во првото иако двете екипи имаа одлични прилики мируваа мрежите и наговестија возбудливо второ полувреме во кое домаќините го решија победникот.
Победата над новајлијата е втора сезонава за прилепчани додека гостите од Скопје го претрпеа четвртиот пораз во Втората лига.
Мх.П.