Прилепска Победа в недела во Охрид на стадионот „Атина Бојаџи“ ќе го пречека лидерот во Првата македонска фудбалска, Вардар во 21-та рунда од шампионатот.
„Црвено белите“ поради реконструкцијата на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп сезонава домашните мечеви ги играат во други градови.
Овој пат одлуката падна на Охрид, бидејќи првиот натпревар од пролетната полусезона против Пелистер прилепчани го одиграа во Струмица.
Победа минатата полусезона беше домаќин во Охрид играјќи ги мечевите со Ренова во Првата лига и со Брегалница во Купот на Македонија.
Натпреварите од 21-та рунда во Првата лига вклучувајќи го и мечот во Охрид меѓу Победа и Вардар се играат в недела со почеток во 14 часот.
OhridNews