Охридскиот футсал тим стигна до премиерната победа во првенството откако во натпревар полн со пресврти со 4-3 ги победи кумановските “Ѓемиџии“.
Гостите го отоворија резултатот , “сините“ одговорија со голот на Абил, гостите усепаа да се консолидираат и направија пресврт со 1-2. а пред одморот Абил повторно биеше прецизно за израмнуваање 2-2.
Кумановци на стартот на втоторо полувреме поведоа со 3-2, а охриѓани со головите на Јосифоски и Пазаркоски во финишот на мечот направија комплетен пресврт.
По шест одиграни кола ова е прва победа за Охрид 1921.
Михаил Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com