Бугарската селекција во ниту еден момет не беше рамноправен противник, а в.д селекторот Темелковски им даде шанса на сите ракометари да истрчаат на теренот.
Најефикасен беше Филип Лазаров со 8 погодоци, а по шест пати бугарската мрежа ја затресоа Карајованов и Макалоски.
По двете победи над Бугарија не очекува одлучувачкиот двомеч против селекцијата на Португалија.
За натпреварите со Португалија, на 17 и 20 Јануари во нашиот состав ќе се врати капитенот Кире Лазаров.
ЦД-то “скокаше“ за време на нашата химна ! !
При интонирањето на нашата химна “Денес над Македонија“ цд-то не беше “мирно“ по што мораше да биде прекинато. Тоа не и сметаше на публиката во салата во еден глас да ја испеа нашата химна.
Натпреварот започна со едноминутно молчење во чест на 11 -та загинати припадници на АРМ.