Поранешната тенисерка од Италија, Франческа Скијавоне победи во големата животна битка откако успеа да се излечи од рак. Болеста и била дијагностицирана оваа година, борбата почнала веднаш, а победата е извојувана после борба од седум месеци.
Лекарите ми дијагностицираа малиген тумор. Битката беше многу тешка, но завршена на најдобар начин бидејќи успеав да победам. Кога ми ја соопштија информацијата за моето закрепнување сакав да експлодирам од среќа. Подготвена сум за проектите кои ги имав замислено, а не можав да ги остварам поради болеста. Се гледаме наскоро. – изјави Италијанката.
Скијавоне во 2010 година триумфираше на францускиот грен слем турнир Ролан Гарос, а во септември минатата година се повлече од тенисот. 39-годишната Италијанка кратко време и беше тренер на Каролина Вознијацки.
OhridNews