Охридскиот Амак СП во рамките на последното 18 коло од Првата кошаркарска лига ќе гостува во “Јане Сандански“ кај МЗТ Скопје. “Езерџиите“  претпреа два порази во првите три натпревари во продолжението на сезоната по што се најдоаа на третата позиција на табелата. Првиот натпревар против МЗТ во “Билјанини извори“ избраниците на Лазовски го добија со 83-75.


>>Aмак СП го натскока и го совлада МЗТ

Под императив победа охриѓани патуваат на жешкото гостување во Скопје кај непредвидливиот МЗТ.

– Натпреварот против МЗТ мора да се добие. Ова е особено важен натпревар за нас. Можеби нема да одлучува околку третата позиција на која сме сигурни, но не е исто да се влезе во Суперлигата со 2-0 предност или со 1-1 во меѓусебните дуели. Деновиве работевме на отстранување на грешките на мечот со Работнички, а посебен акцент ставивме на играта преку зонската одбрана – вели Марјан Лазовски во пресрет на дерби мечот .


Токму Марјан Лазовски минатата сезона го предовдеше МЗТ кој на двапати го совлада Амак во супер лигата , а го елиминираше во првата рунда од плејофот .

>> АМАК СП остана без полуфинале ! ! 

Од тогаш “ штрковите“ претпреа големи измени во нивната играчка фиозонимија.

–  МЗТ има доста променет состав, за разлика од првиот дел во екипата по повредата се врати и Блажески а со доаѓањето на репрезентативниот бек Соколов екипата е доста поконкурентна, но сепак мислам дека  нашиот континуитет и квалитет ќе дојде до израз и на крајот ќе се радуваме во Скопје – истакна Лазовски

Охриѓани со исклучок на Чубрило и Агоч  кои се пожалија на ситни повреди со полна пареа тренираа пред мечот во Скопје.

М.Постоловски