Во одлична атмосфера македонската репрезентација го одработи последниот тренинг во пресрет на тест – мечот со Молдавија 15 ч во Мардан во турскиот туристички центар Анталија.
Повратник во македонскиот тим е капитенот и рекордерот по бројот на настапи (88) Гоце Седлоски. Тој очекува добра игра против Молдавија и пред се поволен резултат:
– Среќен сум што сум со националниот тим. Она што ме радува е што сите репрезентативци максимално сериозно ги сфаќаат овие подготовки и овој тест натпревар. Свесни сме дека направивме голем кикс на средбата со Исланд каде загубивме многу наивно и несреќно, што е уште една потврда дека во фудбалот не победува секогаш најдобриот и затоа се надевам дека можеме впечатокот да го поправиме против Холандија.
Македонија досега двапати одиграла против Молдавија. Двата натпревари завршија без победник. Првиот во Кишишев заврши 0-0, додека на “Градски“ ремизиравме играјќи 2-2. Стрелци на головите беа Шаќири и Крстев.
Горан Пандев е еден од нашите репрезентативци кои настапува без зимска пауза. Иако распоредот на натпревари за него е многу густ, сепак со нетрпение и голема желба за успех го очекува пријателскиот дуел со Молдавија:
– Колку и да играм успешно во дресот на Лацио, сепак моите мисли се врзани со успехот на нашиот национален тим во овој квалификациски циклус. Според се што прикажавме во дуелите со Шкотска, Холандија и Исланд заслуживме барем уште два до три бода. Но тоа е фудбалот. Она што ме охрабрува е што одигравме најмалку рамноправно со сите овие селекции. Шансите за освојување на второто место во групата се сеуште актуелни и на нас останува да се подготвиме што е можно подобро за следните пресметки , особено со Норвешка и Исланд.
Според најдобрите во тимот на Катанец тестот со Молдавија е добродојден, а тие се надеваат и на изненадување над фаворизираната Холандија во продолжението на квалификациите.
Ракометарите на Охрид во рамки на 20-то коло од Супер лигата во сабота ја пречекуваат екипата на Куманово Верувам дека ќе одиграме еден добар натпревар против екипата на Куманово која од меч во меч...
Во петок со почеток во 12:00, во ООУ „Братство Единство“ Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах во организација на ШК „Ласкер“ Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид На...
Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) ја започна натпреварувачката година со учество на Меѓународниот натпревар “Тирана Опен 2025” во соседна Албанија Натпреварувачи п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.