Женскиот ракометен клуб Лихнид забележа една победа, претрпе еден пораз и ремизираше еднаш на средбите кои го одигра во рамките од турнејата и турнирот во Холандија.

„Китовите“ подобри беа од Херкулес, а со истата ремизираа во вториот контролен натпревар. Пораз претрпеа од Сомерен кој беше домаќин на охридската екипа. Трите мечеви и целиот патување во Холандија воопшто помина во знакот на прерано почитаниот Градоначалник Јован Стојаноски кој беше љубител на спортот. Ракометарките на Лихнид на секој натпревар му оддаваа почит со една минута молк.

Со учеството на турнирот во Холандија, Женскиот ракометен клуб Лихнид стави точка на 2018 година.

OhridNews