Македонскиот ракометен првак Вардар со целиот плен се враќа од гостувањето кај Брест Мешков во Белорусија. „Црвено црните“ славеа со 27-23 (14-13) и за момент ги залечија раните од поразот во ЛШ од Динамо Минск.
Клучна улога за триумфот одигра Шпанецот, Алекс Душебаев, кој беше прецизен пет пати од толку обиди, а забележителен настап имаа Филип Лазаров и Тамуш Дибиров кои реализираа по четири погодоци.
Враќање на голот од Вардар имаше доскорешниот член на Металург, Петар Ангелов со шест успешни интервенции.
Мх.П.