Еуро ракомет
Македонскиот шампион Вардар Про со победа стартуваше во овогодинешната лига на шампиони.Во полупразното Кале минимално црвено – црните и го совлада Швајцарскиот шампион Кадети Шафхаузен со 27-26 .
Македонскиот преставник во купот на ЕХФ Металург иако важеше за фаворит изнендаден беше на гостувањето на Кипар од Строволос со 26-21.
Ништо подобро не поминаа и нашиот женски преставник во 2. коло на Купот на ЕХФ, ракометарките на Кале во Кичево беа убедливо поразени од францускит Мио Бигано, со 21-30 .
Супер купот за Струмица
Актуелниот шампион во македонското кошаркаско првенство Струмица е победник во кошаркарскиот Супер Куп со кој се означи почетокот на новата кошаркаска сезона.Лесна задача за струмичани беше победникот на националниот куп Вардар Осигурувањње кој го доби со 99-62 .Во првото коло од новото првенство кое започнува наредниот викенд Охридскиот АМАК СП му гостува на Струмица .