Значајни три бода во битката за опстанок освоија охриѓани победувајќи го директниот конкурент Брегалница од Штип со 1-0.

По консолидирањето на Охриѓани со влезот на компанијата “Лоте – Ина Трејд“ , работите почнаа да се движат во позитивна насока.

Натпреварот, кој поради суспензијата на “Билјанини“ охриѓани како домакини го играа во Прилеп, помина во доминација на сините. Силниот ветар во првиот дел не дозволи да се игра фудбал, а охриѓани профитираа на истекот на првиот дел .

По центаршутот на Бакулески не интервенираше најдобро потесната одбрана, а најснаодлив во гостинскиот петерец беше Атај кој со шестиот гол во сезоната ги доведе охригани во предност.

Временските прилики во вториот дел се подобрија, охриѓани се растрчаа но не успеаа да стигнат до втор погодок, но она што е најважно успеаа да ја сочуваат предноста по првиот дел која им донесе нови три бода.

Од записникот

Охрид: Абди, Бимбилоски, Алиу (51` Чашитоски) , Лошкоски, Степаноски, Велкоски, Ѓоршески (81` Далчев), Димовски, Ѓорѓиоски (80 `Стојаноски), Бакулески, Атај.

Брегалница: Атанасов, Мариќ, Блажески, Мирославов, Манев (77` Митев), Темелков, Грнев, Димовски(39` Личев), Нацев, Коцев, Велинов.

Стадион Гоце Делчев – Прилеп. Гледачи 50. Судија Зоранчо Илиевски. Асистенти: Злате Лозаноски и Васко Кочоски сите од Битола. Делегат Пластиноски Роберт од Ресен.
Стрелец: Атај 45`
Жолт Картон: Димоски (О)

18 коло  резултати

Локомотива Турново 0-1
Влазрими Скопје 1-2
Дрита Нов Милениум 2-1
Караорман Маџари С. 2-1
Вардар Д. Алумина 1-4
Миравци Тетекс 1-1
Слога Ј. Беласица 0-0

 

ТАБЕЛА

Миравци 17 36
Металург 16 35
Турново 17 35
Скопје 17 33
Дрита 17 30
Тетекс 17 28
Слога Ј. 17 28
Беласица 17 24
Вардар Д. 17 22
Маџари С. 17 21
Нов Милениум 17 20
Охрид 17 20
Брегалница 17 18
Локомотива 17 17
Алумина 17  16
Караорман 17 12
Влазрими 17 6

 [email protected]