Граѓанската иницијатива „Српска” прогласила победа во сите општини на Косово каде што настапила со кандидати. Според носителот на листата на „Српска”, Владета Костиќ, ќе се почека и официјалното пребројување на гласовите, пренесува Танјуг.

„Таму каде што имавме кандидати за градоначалник, нашите кандидати се во водство. Останува да видиме какво ќе биде пребројувањето на гласовите, и да видиме кои наши кандидати победија во првиот круг”, изјавил Костиќ.
 
Разликата меѓу кандидатите на „Српска” и другите во сите општини е голема, а според кандидатот за градоначалник на Грачаница, Бранимир Стојановиќ, резултатите од изборите покажале дека идејата на Србија, и идејата на листата „Српска”, победила.

OhridNews

извор:Макфакс