Екипите на Сатеска и Дебрца имаа различен почеток на натпреварите од втората полусезона во Третата македонска фудбалска лига. „Црвените“ во Волино со 3-1 го совладаа тимот на Лирија Грнчари додека Дебрца изгуби 4-0 на гостувањето кај составот на Влазними.
Повратникот во Сатеска Никола Секулоски и Дарко Бочески и пресудија на Лирија Грнчари. Тандемот ги постигна головите за победа. Гостите успеаја да реализираат почесен погодок и да го ублажат поразот.
Влазними до трите бодови во средбата со Дебрца стигна со четири голови во второто полувреме. Дебрца оддолеваше во првиот дел, но во вториот дел концетрацијата падна и домашните го скршија отпорот.
Резултати:
Караорман – Велешта 1-4
Новаци – Преспа 2-1
Кравари – Октиси 1-0
Сатеска – Лирија Грнчари 3-1
Македонија – Црно Буки 1-1
Стрела Спорт – Фљамуртари 0-4
Влазними – Дебрца 4-0
Табела: Велешта 34, Црно Буки 26, Фљамуртари 25, Влазними 23, Октиси 22, Новаци 21, Преспа 20, Лирија Грнчари 20, Кравари 20, Сатеска 18, Караорман 17, Дебрца 14, Македонија 13, Стрела Спорт 5
OhridNews