Фудбалерите на Ренова ја забележаа втората победа во тест средбите во Охрид совладувајќи ја српска Мачва Шабац со 2-1, полувреме (0-0).

Творец на победата на „гипсарите“ беше Бојан Миовски кој ги постигна двата погодоци. Миовски, стрелаше на почетокот и пред крајот на второто полувреме. Во самиот финиш од мечот, Мачва Шабац го ублажи поразот постигнувајќи почесен погодок.

Ренова во Охрид ќе остане до в сабота кога ќе го одигра последниот контролен натпревар. Последен ривал на „гипсарите“ ќе му биде составот на Кораб од Дебар.

OhridNews