Финскиот пилот во болидот на Ферари Кими Раиконен победи на трката за големата награда Белгија.Втор на целта пристигна Џанкарло Физикела, кој и ги донесе првите бодови на екипата на Форс Индија,додека место на подиумот освои и Себастијан Фетел.
Четврти и петти на стазата “Спа Франкошамп” се пласираа пилотите на БМВ Заубер Роберт Кубиц и Ник Хајдфилд.Понатаму следуваат Хеики Ковалаинен , Рубенс Баричело и Нико Розберг.
Во генералниот пласман води Џенсон Батон, кој веќе по првиот круг се откажа од трката за Гоелмата награда на Белгија.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com