Пионерите на Ракометниот клуб Охрид во „Билјанини Извори“ со 21-16 го совладаа тимот на Гого од Кичево.
До третата победа во четвртиот натпревар во пролетната полусезона надежите на Охрид стигнаа со одлична игра во текот на целиот натпревар.
Пулените на тренерот Ѓоко Апостолов се наоѓаат на средината од табелата со осум победи, пет порази и едно реми во една од трите регионални лиги во Македонија.
Мх.П.