Охридските ракометни пионери забележаа нова победа вкупно 13-та во првенството совладувајќи го составот на Гого во Кичево со 21-17 (12-9).


Избраниците на Наум Бабачев одново на дело го покажаа својот квалитет и на најдобар можен начин го чуваат врвот од табелата во една од трите групи во пионерската лига.

Во триумфот над Гого во листата на стрелци со пет голови се истакна Иваноски, Димитриески, Костов и Даниел Андоновски реализираа по три, по два пати прецизни беа Селман и Наумовски, додека по еднаш мрежата ја погодија Здравески и Ристески.

Во двете преостанати рунди од лигата на пионерите им треба само една победа и математички да го обезбедат првото место на табелата.

OhridNews