Охридските ракометари забележаа победа против Текстилец 36-27 (13-14) во Штип во последниот натпревар за сезонава во Супер лигата.
Ракометарите на Охрид во првиот дел имаа негатива од еден погодок, но во вториот го покажаа вистинското лице и го добија мечот.
Сите ракометари кои се најдоа во составот ја погодија мрежата на штипјани кои од следната сезона ќе се натпреваруваат еден ранг подолу.
Охрид во плејаутот во рамките од Супер лигата со 17 победи во 20 мечеви заврши на првата позиција со седум бодови пред Пелистер и осумнаесет пред Металург.
Р.К. Охрид : Костески, Колев, Вешоски 1, Андоновски 1, Б. Белевски 1, Трифуноски 12, Тасески 4, Поп-Стефанија 2, Новаковиќ 1, Соколов 5, Анѓелкоски 1, В. Белевски 2, Печенковски 3, Караиванов 3.
Мх.П.