Ракометниот клуб Охрид ја забележа првата победа во подготвителните натпревари, откако со 30-24 славеше во Прилеп против истоимената екипа.
Разликата во квалитет „гладијаторите“ ја демонстираа во текот на целиот меч и заслужено се радуваа на победата.
Пред дуелот со Прилеп охридските ракометари одиграа еден контролен натпревар со Вардар Јуниор во Скопје и го загубија.
Следна тест средба ракометарите на Охрид ќе одиграа в среда на 22 февруари во грчкиот град Воден против тимот на Едеса.
Регуларниот дел од Супер лигата продолжува на 4 март, а охриѓани силите ќе ги одмерат со Пелистер кој е лидер на табелата.
OhridNews