Избраниците на Лино Червар со триумф над Стеауа го отворија новото вкупно 44-то издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга.
„Металурзите“ во финишот од првиот со долга серија голови ја надополнија негативата која на стартот од мечот изнесува три погодоци (3-0).
Потоа, ракометарите на Металург со трпелива игра ја чуваа предноста која им донесе победа во премиерата во Струга.
Во останатиот натпревар од првиот ден Алингсас – Шартр ги поделија бодовите ремизирајќи 24-24.
Во вториот ден на програмата се мечевите меѓу Шартр – Пелистер и Металург – Еурофарм Работник.
Фото: Гол.мк
OhridNews