Најдобрата македонска фудбалска репрезентација со победа против селекцијата на Ерменија 2-1 (2-0) го започниот новиот циклус во Лигата на Нации.
„Црвено жолтите“ кои напредуваа и сега се натпреваруваат во Ц лигата почетниот триумф го обезбедија со два погодоци од пенал во првото полувреме. Резултатот во 4-та минута го отвори Езџан Алијоски кој биеше прецизно од белата точка. Од идентична позиција во 38-та минута стрелаше Илија Несторовски. Гостите во финишот од натпревар од пенал го ублажија поразот. Стрелец беше екс „вардарецот“ Тигран Барѕегјан.
Во втората рунда од Лигата на Нации, Македонија гостува кај Грузија. Мечот се игра на 8 септември во 18 часот.
Македонија: Шишковски, Ристовски, Муслиу, Велковски, К. Ристевски (71′ Спировски), Адеми, Николов (75′ Трајковски), Барди, Алиоски, Елмас, Несторовски (62′ Пандев).
OhridNews