Ракометарките на Лихнид прокнижија нови три бодови на табелата во Пионерската лига победувајќи го „езерскиот“ ривал Стружанка со 19-17 (8-10).


Охриѓанки со храбра и беспрекорна игра особено во вториот дел сосема заслужено ги освоија бодовите во „Билјанини Извори“.

Негативата од два погодоци во првиот дел (10-8), избраничките на тренерскиот тандем Филип Јованоски – Билјана Богданова Смилевска во второто полувреме успеаја да ја анулира и да се изборат за голема победа.

Елизабета Крстаноска реализираше шест погодоци, Ивона Блажеска постигна четири, по два мрежата ја погодија Теодора Балоска, Мила Ложанкоска, Викторија Алексиоска и Николина Угриноска, а еднаш прецизна беше Марија Наумоска.

OhridNews