Градскиот ракометен клуб Охрид забележа победа во првиот натпревар на подготовките во Грција. Синоќа „гладијаторите“ ја совладаа екипата на Дукас, третопласирана во грчкиот шампионат, со 30:32, полувреме 19:15.

Најефикасни во редовите на Охрид беа Цирар со 6, односно Шешиќ и Бојаниќ со по 5 голови.

Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓески, Ојлески 1, Андоновски 3, Стоилевски 2, Дрогришки 3, Пелидија, Шипинкоски 2, Ристески, Тасески, Сафранко 2, Кукоски, Крстевски 3, Шешиќ 5, Бојаниќ 5, Цирар 6.

Во рамки на подготовките во Грција, ГРК Охрид ќе одигра уште две контролни средби со Олимпијакос и АЕК.

Г.М.