Ракометарите на Охрид прокнижија нови три бодови на табелата победувајќи го составот на Прилеп со 29-21 (14-10) во претпоследната рунда од регуларниот дел во Супер лигата.

„Гладијаторите“ доминираа во текот на целиот натпревар и на дело ја оправдаа фаворитската улога која ја имаа пред почетокот на дуелот.

Охридските ракометари со триумфот во Прилеп против истоимената екипа го најавија дербито со Пелистер во Охрид кое ќе означи крај на суперлигашките мечеви.

Крилата на Охрид, Крсте Андоновски и Бобан Блажески со по седум постигнати голови го понесоа епитетот најефикасни на мечот, еден помалку реализираше Пеце Ѓоргиески, а по два пати прецизни беа Наум Костов, Даниел Андоновски и Јовица Младеновски.

OhridNews