Ракометарите на Охрид забележаа победа 32-30 (19-13) над тимот на Едеса во контролниот натпревар кој го одиграа во Грција.


„Гладијаторите“ фуриозно го започнаа првиот контролен натпревар во зимската пауза и уште од стартот наметнаа високо темпо, што им донесе опиплива предност во почетните минути.


Во такво темпо избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски го доиграа првиот дел кој го добија со плус шест (19-13).


Домаќините во второто полувреме се консолидираа и пружија поголем отпор за разлика од првото. Со брзи голови, а пред се агресивна одбрана успеаја да ја намалат негативата на (30-27).


Охриѓани ја стабилизираа играта и не дозволија да им избега победата од раце која на крајот изнесуваше (32-30).


Сите ракометари во охридскиот состав добија шанса за настап и најавија интересна полусезона во најсилната ракометна лига во Македонија.

Михаил Постоловски