Ракометарите на Охрид забележаа победа во првиот натпревар на турнејата во Холандија. „Гладијаторите“ со 32-24 го совладаа тимот на Херкулес.

Охридските ракометари во мечот кој наликуваше на тренинг натпревар доминаа во текот на сите 60 минути и го демонстираа сиот свој квалитетот против холандскиот состав.

Пред почетокот на натпреварот двете екипи со минута молк му оддадоа почит на починатиот Градоначалник Јован Стојаноски кој беше голем поддржувач на ракометот и спортот во Охрид.

Вечерва, „гладијаторите“ ќе го одиграат мечот со Краш Волендам кој ќе биде последен на турнејата во Холандија. Тимот на Краш Волендам минатата сезона мечевите во Купот на ЕХФ ги заврши после елиминацијата од Охрид.

OhridNews