Градскиот кошаркарски клуб на домашен терен ја совлада екипата на ФМП Академија со 82:66, во второто коло од Првата лига.
Охриѓани победата ја најавија уште во првата четвртина која ја добија со 30:10. До крајот домаќините рутински ја завршија работата.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Бернард со 15 поени, додека на спротивната страна Петревски постигна 24.
OhridNews