Охридските кошаркари до 18 години се одлепија на врвот од табелата, откако во „еден два“ пресметката со Академија ФМП славеа со 66-50 (20-10, 18-12, 17-9, 11-19).

Пулените на Тони Стојаноски максимално мотивирано го започнаа дерби дуелот и на полувреме обезбедија предност од 16 поени (38-22). Второто полувреме помина во резултатски егал, откако охриѓани третиот квартал го добија 17-9, а последниот ги изгубија со 11-19 за конечни 66-50.

Во М18 лигата следува десетдневна пауза, а охридскиот клуб после Велигденските празници како лидер на табелата ќе го гостува во Куманово кај Ринија.

OhridNews