Селекциите на Бразил и Аргентина забележаа нови победи во квалификациите за Светското првенство во Катар, совладувајќи ги Уругвај односно Перу со идентичен резултат 0-2.
Триумфот на „кариоките“ го режираа Артур и Ричарлисон, кои мрежата на ривалот ја погодија во втората половина од првиот дел. За аргентинците во дуелот со Перу погодија Гонзалес и Мартинез.
Комплетно во 4-та рунда потфрли Колумбија, која на гостувањето во Еквадор претрпе убедлив пораз од 6-1. Еквадор високиот триумф го најави со четирите голови во првиот дел.
- Резултати:
Еквадор – Колумбија 6-1
Венецуела – Чиле 2-1
Парагвај – Боливија 2-2
Уругвај – Бразил 0-2
Перу – Аргентина 0-2
Табела: Бразил 12, Аргентина 10, Еквадор 9, Парагвај 6, Уругвај 6, Чиле 4, Колумбија 4, Венецуела 3, Перу 1, Боливија 1
OhridNews