Манчестер Јунајтед ги прокнижи првите бодови на табелата во Премиер лигата победувајќи го Лестер (2-1) на Олд Трафорд во првиот меч од новата сезона.

Нецели две минути им беа потребни на домашните фудбалери да ја начнат мрежата на „лисиците“. Пол Погба од пенал го матираше Каспер Шмахјел за почетно водство (1-0). Тој резултат беше активен од 83-та минута кога Лук Шо го зголеми резултатот на 2-0. Во последните мигови од мечот Џејми Варди успеа да постигне почесен гол за Лестер.

Мечевите од првата рунда во Премиер лигата продолжуваат в сабота со дуелите помеѓу Њукасл – Тотенхем, Бурнмаут – Кардиф, Фулам – Кристал Палас, Хадерсфил – Челси, Ватфорд – Брајтон, Вулверхемптон – Евертон.

OhridNews