Половичен успех остварија македонските селекции во 5. коло на 44. шаховска Олимпијада во индискиот град Ченај.
Машката репрезентација не ги исполни очекувањата против релативно послабиот противник Велс и одигра 2-2, а партиите на сите табли завршија со реми.
Македонската женска шаховска репрезентација го совлада Тајван со 3-1, а цел поен донесоа Ивана Манова на првата и Леа Ефтовска на третата табла, додека Драгана Николовска и Моника Жежовска ремизираа со своите противнички.
Во рамки на 6. коло, машката репрезентација денеска ќе игра против Сирија, додека шахистките за противник ја имаат репрезентацијата на Финска.
OhridNews