Охридските ракометни надежи забележаа победа и пораз на првите натпревари од националните првенства.
На победа се радуваа најмладите кои со убедливи 22-8 ги совладаа своите врсници Младост од Ресен.
Пораз во „Билјанини Извори“ претрпеа младинците кои беа совладани од 17-10 од тимот на Метрополис од Скопје.
Следниот викенд надежите во гости ги играат вторите првенствени натпревари од шампионатот.
Мх.П.