Ракометниот клуб Охрид забележа половичен учинок во двете контролни средби со битолски Пелистер кои се одиграа вчера и денеска во СРЦ „Билјанини Извори“.
Во првиот меч триумфираа охридските ракометари со 24-20, додека на денешниот меч победата им припадна на гостите кои славеа со 25-23.
„Гладијаторите“ во текот на зимските подготовки одиграа еден меч, и тоа со Еурофарм Работник во Охрид кој заврши без победник.
До стартот на втората полусезона во Супер лигата остануваат уште две седмици во кои охриѓани ќе треба да ја избрусат формата за плејоф натпреварите.
OhridNews