Победа и пораз за македонската кошаркарска репрезентација на двомечот
со репрезентацијата на Црна Гора,одиграни на неутрален терен во
Златибор.  Во првиот натпревар Македонија победи со 82-58, благодарение на
одличниот Ристе Стефанов кој уфрли 22 поена, а Војдан Стојановски и
Перо Антиќ постигнале по 14 поени.


Во втората контрола Македонија претрпе убедлив пораз со 64-83. Во
вториот меч најефикасни во нашиот тим беа Д. Стојановски и Симоновски,
кои постигнаа по 10 поени, а Соколов беше стрелец на 9 поени.


По двомечот со Црна Гора “Црвено – жолтите“ патуват за Италија, каде
што во Фиренца ќе играат против Италија, Бугарија и Полска, а потоа ќе
следуваат два контролни меча против Словенија.

Ohridnews