Екипата на Металург загуби на гостувањето кај Татран Прешов со 27:22, во рамки на второто коло од Лигата на шампионите во ракомет. Металург одлично го отвори резултатот и за десетина минути поведе со седум голови разлика. Гостинската доминација траеше до 14 минута од кога почна несфатливиот пад во играта на Металург. Татран полека ја топеше предноста, а на почетокот на вториот дел словаците го презедоа водството кое не го испуштија до крајот.
“Му честитам на Татран на победата. Мојот тим играше многу добро во првите 15 минути, но потоа целосно ја изгубивме концентрација, па Татран Прешов се врати во игра. Тие беа подобри до крајот на натпреварот, особено во второто полувреме, и ја заслужено дојдоа до победата“.– изјави стратегот на Металург Лино Червар.
Вардар на домашен терен рутински стигна до втората победа во Лигата на шампионите. Црвено црните го совладаа Брест Мешков со 31.27 со одлична игра во вториот дел, откако гостите на полувреме водеа со три разлика.
Во следното, трето коло, Вардар му гостува нае Цеље.
OhridNews