Македонската женска ракометна репрезентација вечерва (19 ч.), во спортската сала „Дариус Гиренас“ во Каунас, ќе го одигра петтиот натпревар, можеби клучен во квалификациите за Европското првенство во Данска и во Норвешка во декември годинава, против Литванија (32-24 во првиот натпревар).


 

Денес се игра и вториот дуел од нашата група, Холандија – Хрватска. Победа на Хрватките би значело дека и со пораз од Литванија, а со победа против Холандија (на гости одигравме нерешено), во последното коло (в недела), Македонија ќе оди на ЕП.

Ohridnews