Охридскиот Амак Сп  вечерва од 20 ч. во рамките на 11 коло гостува во Скопје, кај Карпош Соколи. Охриѓани имат можност со победа да се искачат на врвот на прволигашката табела.

Покрај натпреварот вечерва до крајот на есенската полусезона охриѓани во Струга ќе ја пречекаат екипата на Поп Спорт, а во последното коло му гостуваат на Пелистер во Битола.

На останатите денешни натпревари играат Поп Спорт – Овче Поле и Торус – Вардар.

Навивачките немири го одбележаа дерби мечот помеѓу вечните ривали МЗТ и Работнички. Според информациите од МВР, повеќемина учесници во тепачката се приведени поради нарушување на редот и мирот по улиците на населбата Аеродром.

Што се однесува до натпреварувачкиот дел Работнички триумфираше со 85:67.

Битолски Пелистер, го направи најголемото изнедаување совладувјаќи го бранителот на  титулата Фени Инд со 89:75.

М.П.