Една млада Индијка поднела барање за развод на бракот бидејќи нејзиниот сопруг на својот профил на Фејсбук сеуште не напишал дека е оженет. Младата жена во договорениот брак стапила пред само два месеци, а сопругот тврдел дека едноставно заборавил да го промени статусот.


Но, тоа не ја спречило 28-годишната информатичарка пред судот да поднесе барање за развод, и тоа поради тоа што повеќе не можела да му верува на својот новопечен сопруг. Не се предомислила ниту откако сопругот се согласил да го промени статусот, па дури и да го деактивира својот профил на Фејсбук. Судијата одредил дека парот мора да мине низ шест месеци брачно советување.