Жена од Кувајт, чие име не е познато, поднела барање за развод откако видела како нејзиниот нов сопруг јаде грашок. За нештото да биде уште побизарно, барањето го поднела само една седмица откако се венчале. Имено, младоженецот наместо да јаде со лажица или вилушка, грашокот го јадел само со парче леб. Тоа толку ја згрозило жената што уште следниот ден побарала развод.
Сепак, ова не е единствен случај со бизарна причина за развод. Пред две години по светските медиуми кружела вест дека еден човек побарал развод од сопругата бидејќи „постојано и злонамерно“ го послужувала со храната која најмалку ја сака, сендвич со туна.