За новопечен брачен пар од Саудиска Арабија денот на венчавката требало да биде полн со среќа и веселби, но на крајот од денот младоженецот побарал развод. Се почнало кога тој добил букет цвеќе со коверт во кој имало УСБ стик. Имало порака во која пишувало младоженецот да ги погледне фотографиите на својата сопруга. Кога младоженецот ги погледна, се шокирал. На нив неговата сакана била гола, што тој го сватил како неверство и веднаш побарал да се разведат. Како што пренесуваат медиумите, невестата четири дена пред свадбата ја контактирал поранешниот кој ја викнал да излезат и и се заканил дека доколку го одбие ќе ја открие нивната врска.

Но, таа го одбила велејќи му дека ќе се омажи и дека тој мора да заборави на нивното минато. Му рекла и дека сака са започне нов живот со сопругот и дека сака да стане мајка и да има семејство. Човекот одлучил да и се одмазди на денот на свадбата, што завршило со скандал и развод. Свештеникот кој ги венчавал рекол дека ова бил еден од најбизарните случаи со кои се сретнал.