Еден човек од Обединетите Арапски Емирати побарал развод на бракот бидејќи неговата сопруга не сакала да престане да пуши наргиле, објавиле локалните медиуми. Човекот од северниот емират Рас ал-Хаимах, недалеку од Оман, сам се одвикнал од пушењето на тоа луле пред пет години под притисок на сопругата, изјавил вработен во судот.
Човекот во меѓувреме многу пати се обидувал да ја наговори сопругата да прекине да пуши наргиле поради штетното влијание врз него и врз нивните деца, но сето тоа останало без успех и затоа одлучил да се разведе.