Летната туристичка сезона и календарски е зад нас, но тоа не значи дека повеќе не може да уживаме во благодетите кои ги нуди охридската ривиера. Откако во жешките денови беше ставен во функција на разладување на гостите на отворено, базенот во Спа центарот во хотелот „Инекс Олгица“, поранешен „Горица“, продолжува со работа под покрив во топол амбиент со константна температура на водата и воздухот.

Летото температурата на водата беше до 23 степени, а oд пред една седмица ги вративме стандардите на убав, топол и пријатен Спа центар. Сега температурата на водата во базенот повторно е 29 C°, колку што изнесува и температурата на воздухот во комплексот, идеалнa за рекреација и уживање претстојната есенска и зимска сезона. – вели дипломираниот кинезитерапевт Јован Каланоски, шеф на Спа центарот „Инекс Олгица“ во Охрид.

Базенот во Спа центарот на хотелот „Инекс Олгица“ кој е со поглед на езеро, е долг е 13 метри, широк 6 а длабок е метар и половина и има 3 џакузи. Посетителите можат да уживаат и во сауна, исто така со поглед на езеро, парна бања, џакузи, топли лежалки, арома терапија и други спа услуги.

Услугите можат да ги користат и надворешни гости, не само гости на хотелот. Подготвивме промотивни пакети за користење на Спа центарот од 6000 денари месечно. Имаме и промотивна дневна карта од само 600 денари, фамилијарен пакет – родители со деца до 12 години од 1200 денари. Користењето само на фитнес салата изнесува 2500 денари месечно.- истакнува Каланоски.

На посетителите на Спа центарот во хотелот „Инекс Олгица“ достапни им се и масажа услуги кои ги врши врвно обучен професионален персонал составен од четворица високообразовани терапевти. Во моментите на релаксација на посетителите на располагање им стои и мини бар каде можат да се освежат со кафе, сок или свежо подготвено смуди.

Спа центарот во „Инекс Олгица“ е изграден на високо ниво и се се’ контролира со електронски картички и електроника за целосна безбедност на посетителите. Работи 7 дена во неделата од 8 – 21 часот.

OhridNews