Реагирањето на жителите од дел на улицата „Лазо Трпоски“ објавено преку вашиот медиум, за Градоначалникот Александар Петрески е одраз на објективната грижа на граѓаните за комуналниот ред и уреденоста на животната средина. Спомнатото укажување, за градоначалникот Петрески претставува и своевидна потврда за неопходната и посакувана соработка помеѓу Локалната самоуправа и граѓаните – во овој случај, на комунален план, се вели во дописот што до редакцијата на ohridnews денеска пристигна од Одделението за односи со јавност на општина Охрид, а во врска со писмото од група граѓани од МЗ „Билјанини извори“, исто така објавено денеска:

Без оглед на тоа што во писмото на граѓаните неосновано се прозива Секторот за урбанизам ( или како што е наведено – раководителот Бранко Арнаудов) со оглед на тоа дека наведениот проблем е во доменот на решавање на општинскиот Инспекторат, градоначалникот Петрески, имајки го предвид укажувањето на граѓаните даде налог за согледување на фактичката состојба и нејзино разрешување односно постапување според важечките прописи.
   
Од страна на комуналната инспекција веке е контактирано со сопственикот на локацијата на која се складирало отпадно железо  со барање истото да биде под итно отстрането односно уреди локацијата според комуналните стандарди. 
    
Од друга страна, градежната инспекција веке денеска излезе на самото место (посочено од граганите како узурпирано со „диво“ изградени објекти) со цел да ја утврди фактичката состојба. По оваа постапка на проверка на наводите, од страна на Инспекторатот ќе уследат идните мерки кои се предвидени со Закон и соодветни одлуки односно правилници.
          
Локалната самоуправа и Градоначалникот, уште еднаш укажуваат на потребната соработка со граѓаните и заедничката грижа во зачувување на уреденоста на градот, макар тоа да биде и на наведениот начин како овој на жителите од дел на ул.„Лазо Трпоски“.

Одделение за односи со јавност
Општина Охрид

Содржината на писмото можете да ја прочитате тука.