По повод Велигденските празници ЈП „Градски Пазар“ годинава по втор пат ќе организира „Велигденски саем“. Манифестацијата ќе се одржи на 9-ти и 10-ти април, во големата хала на охридскиот пазар.
Се очекува учество да земат повеќе производители на рачни ракотворби и кондиторски производи, пекари, цвеќарници и основни училишта.
Саемот ќе има хуманитарен карактер и со собраните средства ќе се обезбедат пакети со производи што ќе бидат донирани на социјално ранливите семејства во Охрид.
OhridNews